Пад на просечната цена на становите во општина Центар има во периодот септември 2017-септември 2020 година, покажува споредбата на податоците од регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижнини.
Во овој тригодишен период, има пораст на цените на станбениот квадрат во општините Карпош и Аеродром.
Имено, заклучно со септември 2017 година просечната цена на истргуваните станови во Центар била 60.598 денари по квадрат, во Карпош била 55.521 денари, а во Аеродром 51.512 денари.
Три години подоцна, просечната цена на истргуваните станови во Центар била 58.489 денари за квадрат, во Карпош била 57.414 денари за квадрат, а во Аеродром била 55.037 денари за квадрат.
Податоците на Катастарот откриваат и дека заклучно со септември, 2020 година на пазарот имало 6.923 станови кои што се изградени, а не се продадени. Исто така, биле издадени 13.505 листови за предбележување градба што укажува дека овие објекти се во фаза на изградба и дека наскоро би се нашле на пазарот на недвижнини.
Во извештајот на Катастарот за третиот квартал од 2020 година се констатира дека понудата на нови градби ја задоволува побарувачката на нови станови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цените на становите ќе растат: И градежниците бараат посебни мерки за поддршка од државата