Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 28 март до 3 април покажуваат пад на бројот на смртни случаи од Ковид-19.
“Пријавени се 12 смртни случаи во 8 градови со датум на смрт во текот на изминатата недела (28.03-03.04.2022), за 45,5% помалку во однос на претходната недела (n=22).
Најголем дел од нив се од Скопје (3).
Во однос на возраста, регистрирани се 11 починати од возрасната група над 60 години и еден починат од возрасната група од 50-59 години“, стои во извештајот, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Расте бројот на реинфекции со Ковид-19, минатата недела регистрирани 272
Подваријантата на омикрон – “стелт“ останува доминантна во Македонија
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.