Милиони корисници на вебмејл-серверот на Yahoo утрово се разбудија со блокада на нивните мејлови поради пад на системот на оваа компанија. На социјалните мрежи има лавина реакции од корисниците.
„Само уште ова ви требаше“, „Колку фрустрирачки, цело утро притискам рифреш“… реагираат нервозно корисниците на Yahoo на Твитер.
Засега од Yahoo нема никакво објаснување за овој застој, освен дека станува збор за технички проблеми.
Некогашниот гигант со овој пад покажа дека е далеку од некогашната слава, но сепак станува збор за компанија чии услуги ги користат над 200 милиони корисници.
Фото: CNET
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.