еМагазин
Image default
Техно

Паднаа Gmail, Google, YouTube и Google Maps

Услугите на Гугл денеска кусо време не беа достапни и тоа влијаеше на голем број корисници. Меѓу услугите што беа нарушени се – Gmail, пребарувачот Google, YouTube и Google Maps.

Downdetector, веб-страницата што следи прекини на веб-страници, објави над 20.000 случаи на прекини во целиот свет.

Сепак, од оние кои пријавиле проблеми со YouTube, 54 отсто рекле дека не можат да пристапат до веб-страницата, 42 отсто не можат да гледаат видеа и три отсто тешко се најавуваат за пристап на страниците.

И од оние кои пријавиле проблеми со Gmail, 75 отсто не можеле да се најават, 15 отсто не можат да пристапат на веб-страницата, а осум отсто не примале пораки.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Протекоа личните податоци на половина милијарда корисници на Фејсбук

Редакција

НАСА: На Марс пронајдени органски молекули, што може да значи постоење на живи организми

Редакција

Како да ја симнете CommonPass дигитална верифицирана потврда, која ќе ви треба за патување

Редакција