еМагазин
Image default
Македонија

Пакистанец осомничен за убиство на девојката во Грција, уапсен во Македонија

Пакистанец осомничен за фемицид, односно за убиство на неговата девојка во Грција, синоќа, заедно со група нелегални мигранти бил откриен и уапсен во Македонија и предаден на грчките власти, јави дописничката на МИА од Атина.

Пакистанецот на околу 20- годишна возраст беше главниот осомничен за убиството на неговата 17-годишна девојка, што се случи во вторникот во атинска населба и оттогаш му се изгуби секаква трага.

Преку тесната и континуирана соработка на полициите на двете земји, резултираше со апсење на осомничениот Пакистанец.

Од грчкото Министерство за цивилна заштита во чија надлежност е полицијата, соопштија дека имале информации дека осомничениот се наоѓа во северна Грција, со цел да избега во некоја од земјите од централна Европа.

 -Полициските власти во северна Грција веднаш стапија во контакт со соодветните служби од балканските земји и постоеше континуирана и тесна соработка, а се зајакнаа и контролите на граничните премини.

Како резултат на засилените контроли, беше откриена група нелегални имигранти во С Македонија, во која е утврдено дека беше и осомничениот сторител на грозоморното убиство, соопштија од надлежното грчко Министерство.

Пакистанецот е веќе предаден на грчките власти, а министерот за цивилна заштита на Грција, Такис Теодорикакос преку социјалните мрежи информираше дека „осомничениот за убиството на 17-годишната Николета во Атина, ќе биде изведен пред надлежниот обвинител“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале 13 лица, најмладиот на 42-годишна возраст, дополнително пријавени уште 5

Редакција

(ВИДЕО) Меркел се возеше со мерцедесот за кој Груевски доби две години затвор

Редакција

Важно ако одите или пристигате: Кои држави спаѓаат во високоризични и средноризични за корона вирусот

Редакција