еМагазин
Image default
Техно

Паметни адвокати, дали сте еден од нив!

Многу брзо, главната поделба на адвокатите нема да биде на мали или големи канцеларии – туку на паметни адвокати и оние кои не успеале навреме да се приспособат на промените на дигиталното време. Стручноста и професионалноста на еден адвокат секогаш ќе биде важна, но нивната способност брзо и ефикасно да ги реализираат процесите се повеќе ќе доаѓа до израз.

Тоа е така, бидејќи модерните потреби бараат модерни и иновативни решенија!

Независно дали сте адвокат, маркетинг експерт, водите забна ординација, сметководствено биро, или во било која друга професија потребата од дигитализација и адаптација кон новото време е неминовна.

Денес клиентите има многу покомплексни потреби од порано. Имаат потреба некој да покаже разбирање и почит за нивните проблеми и брзо да предложи решение.

Денес повеќе од било кога порано извршување на секојдневните обврски и процеси на најефикасниот начин е еден од темелите за успех во деловниот свет. Од адвокатите се бара многу повеќе. Тие да бидат партнери на своите клиенти, инволвирани во нивното работење, да бидат организирани со брз пристап до сите информации, случаи и закони.

Модернизацијата им помага на адвокатите и адвокатските канцеларии да ја зголемат нивната ефикасност, а поголемата ефикасност потоа се претвора и во поголем профит.

Едно од решенијата кои го овозможува токму тоа е платформата „Е-Адвокат“ на македонската компанија Markant Software, проект поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој”. Се работи за cloud базирано решение за комплетно водење на адвокатска канцеларија.

Тоа овозможува олеснување на работата, поголема ефикасност и прегледност, заштита на податоците, со што влијае кон подигање на нивото на работа, ја намалува папирологијата и резултира во помалку административна работа.

Со “Е-Адвокат” секој адвокат, се прилагодува на новото време, станува конкурентен и добива можност да одбере како да го приоретириза времето наместо со часови да се задржува на едноставните работи кои можат да бидат извршени дигитално.

Дигиталната револуција на 21 век ни донесе мал милион дигитални алатки и функционалности, кои ја имаат моќта да ни го подобрат квалитетот на живот и работа, како и да го зголемат профитот, ако се користат на правилниот начин. Паметните претприемачи и организации веќе го направија првиот чекор кон прифаќање на дигиталната револуција која се случува околу нас. Сега вие сте на ред!

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Активирајте ја апликацијата „Стоп корона“ и помогнете заеднички да се победи коронавирусот

Редакција

Данокот на добивка за ИКТ компаниите ќе се намали на три проценти

Редакција

Во клиниката ТОАРИЛУЦ првпат изведена операција на колено со помош на робот

Редакција