еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Паметното планирање може да спречи незгоди и катастрофи

Илјадници хектари шума изгоре во пожарите кои ја зафатија земјата за време на топлотниот бран ова лето кој донесе натпросечно високи температури. Штетата е голема и тешко се надоместува.

Последиците од опустошените шумски предели веднаш ќе ги почувствуваме сите со првиот бран на загадување на воздухот, а ова ќе предизвика и други далекусежни еколошки и биолошки последици.

Ова не е само наше секојдневие. Големи пожари ги зафатија Грција и Турција, а поплави и свлечишта ги изненадија Германија, Австрија, Холандија и Белгија. Никој не е имун на климатските промени кои во иднина ќе стануваат се поизразени и ќе предизвикуваат се почести катастрофи.

Последиците од несреќи најмногу се чувствуваат на локално ниво, а општините се први на удар. Затоа е потребно локалните власти да работат на овој предизвик паметно, одговорно и организирано, а намалувањето на ризиците од катастрофи треба да станат дел од секојдневната работа на институциите.

Брзата, навремена и ефикасна реакција и координација како и претходна подготовка, организација и навремено предупредување може делумно или целосно да спречи многу загуби.

Потребни се испланирани и одлучни акции од општините, државата, но и од граѓаните, кои најчесто се првите сведоци на природните катастрофи. Притоа со паметното планирање ќе може да се обезбедат безбедни и брзи услуги за граѓаните дури и во непредвидливи и ограничувачки услови.

Во плановите за раководење на општините треба да се предвидат чекори за справување со различен вид на кризни сценарија и да се направи план како тие да имаат најмал можен негативен ефект врз населението и природата. Граѓаните треба да го очекуваат и да го бараат тоа од локалните власти.

Претстојните локални избори се одлична можност политичките партии во своите програми да се концентрираат и на управување со кризи, заштита и спасување како тема која што треба биде една од основните за креирање на политики за ефикасно функционирање на општините.

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје, преку проектот „Подобрен капацитет за управување со кризи на општините во Северна Македонија“, на осум општини им помага да развијат стратегии за намалување на ризици од катастрофи и непогоди.

Отпорноста кон катастрофи е предуслов за одржлив развој на секоја општина.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина планинарот кој падна од карпа кај Титов Врв

Редакција

Уникатни велигденски рецепти за модерната кујна

Редакција

Бранка Костиќ Марковиќ позитивна на корона вирусот: И при голема претпазливост, не знаете вирусот од каде може да се протне

Редакција