еМагазин
Image default
Свет

Пандемијата од корона вирусот зема замав, во изолација речиси две милијарди луѓе

Со повеќе од 1,8 милијарди луѓе во изолација, над 16.500 смртни случаи и здравствени системи на неколку земји што се на раб на колапс, пандемијата Ковид-19“ продолжува да се забрзува и сее паника низ целиот свет.

Пандемијата се „забрзува“, но нејзиниот тек може да се измени, соопшти Светската здравствена организација (СЗО), повикувајќи ги државите да „напаѓаат“ со тестирање на сите случаи и со карантин за сите оние кои биле во близок контакт со нив.

Вкупно 10.000 смртни случаи се во Европа во почетокот на неделава, повеќето од нив во Италија (околу 6.000) од вкупно скоро 185.000 заразени, а оваа бројка е несомнено под реалната бројка.

После неколку недели отпор, британскиот премиер Борис Џонсон конечно вчера објави дека населението мора да остане во своите домови најмалку три недели во Велика Британија.

Во Русија, затворањето на сите образовни институции стапи на сила оваа недела. Московјаните постари од 65 години се принудени да останат во своите домови. Здравствените системи, вклучително и оние во најразвиените земји, се на раб на експлозија.

Симболична фотографија за состојбата е лизгалиштето во Мадрид, претворено во мртовечница: властите беа принудени да го земат просторот за да стават тела во ден со скоро 500 мртви за 24 часа. Шпанија е втора најпогодена земја во Европа со вкупно 2.182 смртни случаи и повеќе од 33.000 заразени.

Европската унија донесе одлука без преседан: го суспендираше Пактот за стабилност и раст, што значи дека ги олабави строгите правила за буџетска дисциплина.

Дури и Германија, која е секогаш на браникот на буџетското штедење, одлучи да ги укине уставните ограничувања на јавниот дефицит за да ги забрза стотиците милијарди евра потребни за да се одржи економијата. Со тоа што владата смета на „рецесија од најмалку 5 проценти“ за 2020 година.

САД ќе ги „отворат“ своите деловни пазари „многу скоро“, рече претседателот Доналд Трамп. „Америка наскоро ќе се отвори за бизнис. Многу наскоро. Многу порано од три или четири месеци, како што некои посочија. Многу порано. Не можеме да дозволиме лекот да биде погубно од проблемот“, рече американскиот претседател на брифингот во Белата куќа.

И покрај фактот дека Федералните резерви (ФЕД) најавија голема помош за компаниите, светските пазари останаа немилосрдни: Индексот Дау Џонс падна на најниско ниво од ноември 2016 година, а „потонаа“ и европските берзи.

Но, денеска утрото берзата во Хонг Конг забележа раст од повеќе од 3 проценти.

Властите на Њујорк, градот во кој се наоѓа Волстрит, симбол на американскиот пазар на пари, ги повикаа сите жители да останат во своите домови, откако градот стана центар на епидемија во САД со 12.000 заразени (речиси третина од сите случаи во САД).

И неколку африкански држави од синоќа почнаа со спроведување на мерка изолација во домовите, како што е Јужна Африка, земја која е најтешко погодена од Ковид-19 на континентот, а властите дури испратија трупи на улиците на главниот град Јоханесбург.

Вонредна состојба и полициски час има во Сенегал и Брегот на Слоновата Коска. Мерки за делумно изолирање беа воведени во Алжир, главниот град на истоимената држава и регионот на Блида, што е најтешко погодено. Мерките за изолација се прогласени во главниот град на ДР Конго, и двата најголеми града на Мадагаскар, Антананариво и Тоамасина.

„Сите жители на Абуџа и Лагос мора да останат во своите домови“, напиша нигериското претседателство до жителите на главниот град, односно најнаселениот град во таа земја.

Ваквите мерки се исклучително сложени во Африка и малку се почитуваат, бидејќи многу жители на тој континент треба да одат на работа за да преживеат.

Нови 78 нови случаи на инфекција со коронавирусот има во Кина, претежно увезени случаи од странство, а Кина стравува од нов бран на инфекција.

Здравствената комисија во покраината Хубеи денеска објави дека ќе ги укине сите ограничувања на патувањата, пристигнувањата и поаѓањата кон покраината почнувајќи од среда, 25 март, со исклучок на главниот град на провинцијата, Вухан, кој беше извор на пандемијата на коронавирусот.

Жителите на Вухан, градот од каде се појави вирусот во декември 2019 година, добија дозвола да се вратат во полно работно време, а знак на закрепнување е дека јавниот превоз ќе го продолжи сообраќајот по два месеци суспензија.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Италијански градоначалници „полудеа“ апелирајќи да се остане дома поради корона вирусот

Со коронавирусот во Европа може да се бориме две години

(Фото) Владата се уште држи седници без заштита на министрите против корона вирусот

Губењето на осет за мирис и вкус „скриени“ симптоми за коронавирусот, кои се другите?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Португалија на шест месеци се откажува од наплатата на ДДВ на основните прехранбени производи

Редакција

ОН бара да нема казна за уредничката која влета во етерот на руска телевизија со транпарент за војната во Украина

Редакција

СЗО: Кинеските вакцини се безбедни

Редакција