еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Маск првпат се најде на врвот на светската листа на Форбс за најбогати во светот

Илон Маск првпат се најде на врвот на светската ранг листа на Форбс, пред Џеф Безос, кој четири години е најбогат човек на светот.

Според изданието, до денеска, богатството на Маск се проценува на 219 милијарди долари.

Исто така, меѓу првите тројца на листата се и основачот и извршен директор на Амазон, Џеф Безос и Бернар Арно, претседател на ЛВМХ (Луј Витон).

Нивното богатство се проценува на 171 и 158 милијарди долари.

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс (129 милијарди долари) и извршниот директор на Беркшир Хатавеј, Ворен Бафет (118 милијарди долари) се најдоа меѓу првите пет.

Според 34. годишно рангирање на најбогатите луѓе во светот, составено од Форбс, вкупното богатство на милијардерите за годината се намалило за 400 милијарди долари на 12,7 трилиони долари, а нивниот број се намалил за 87 на 2.668 луѓе.

МИА/Фото: Фејсбук/Маск

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Западен Балкан еден од приоритетите во надворешната политика на Бајден

Редакција

„Во Бугарија нема корупција и криминал, а Захариева е најубава политичарка во ЕУ„

Редакција

(ВИДЕО) По невремето во Преспа: Автокапот Крани како погоден од ураган

Редакција