Многу македонски граѓани реагираат на тајмингот и значењето на посетата на Папата Франциск на земјава. Дел од јавноста во посетата на Папата гледа знак дека Западот конечно не зема под своја закрила, а останатиот дел не дава никакво посебно значење на овој историски настан, па дури реагира негативно на посетата.
На социјалните мрежи „фрчат“ забелешки околу празните фрази на Папата дека е против капитализмот, а истовремено Ватикан е можеби една од најголемите и најбогатите капиталистички творби односно своевидна голема државна корпорација која се храни од верата на католичките верници, урнек од кој не е далеку ниту Македонската православна црква ако се земат предвид досегашните бизнис зделки на фирмите на МПЦ.
Забелешки има и околу ставот на Ватикан околу абортусот кој го изедначува со убиство, а истовремено не прави ништо посебно за сузбивање на педофилијата во меѓусебните редови.
Без да се навлегува во теории на заговор или некакви скриени агенди, како и во прашањето колку време била планирана посетата останува фактот дека Ватикан реши да ни посвети сериозно внимание откако беше сменето уставното име на државата од Македонија во Северна Македонија, што беше услов земјава да зачекори на патот кон рамноправна членка на НАТО.
Ако при тоа се надоврзе фактот дека НАТО е воен сојуз кој доста често користи вооружена сила во остварувањето на политичките агенди, впечаток е дека лицимерието на Светата столица е на прилично високо ниво.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Кој го пречека Папата Франциск на аеродромот во Скопје
Фото: Влада