еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Папокот на светлината“ од Венко Андоновски ќе биде промовиран во Битола, Куманово и Штип

Читателите низ Македонија ќе можат да се сретнат со Венко Андоновски на промоциите во Битола, во Куманово и во Штип.

На 15 март, со почеток од 12 часот, во НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола, Винка Саздова ќе разговара со Венко Андоновски за сите прашања што ги покренува овој роман – животот, суетата, пријателството и верноста, прочистувањето на душата, потрагата по суштината.

Винка Саздова, уште едно истакнато име на домашната книжевна сцена, ќе го придружува Андоновсју и во Штип, на 17 март, исто така со почеток од 12 часот, во НУ Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“.

Во Куманово на 16 март, дружбата ќе биде со почеток од 19 часот, во Фоајето на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“. Тука во улога на промотор ќе биде проф. д-р Кристина Николовска.

„Венко Андоновски одново блесна со новиот роман што се распродаде за помалку од еден месец. Заслужено се закити со наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија за најдобро прозно остварување за 2022 г. Додека е на пат кон нови награди и освојување нова публика, вдомете си го во срцето новиот роман на мајсторот на зборот.

Вратите на овие промоции во Македонија се отворени за секого, а од нив ќе излезете сите со по еден клуч кон новиот продуховен свет. Повелете заедно да свртиме нова страница во домашната книжевност,“ велат од ТРИ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Редакција

Веро центар отворен за посетители, Jumbo продолжува со работа

Редакција

МНТ со претставата „Народен непријател” гостува во Србија

Редакција