еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Светската филмска елита уживаше во врвните вина на „Тиквеш“

Оскаровецот Питер Бижу, добитник на наградата „Златна камера 300 за животен опус“ на 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, заедно со Шејмус Мекгарви, добитник на „Специјалната златна камера 300 за особен придонес во кинематографијата“, уживаа во врвните македонски вина на Винарска визба „Тиквеш“ во Кавадарци.

Искусниот тим од „Тиквеш“ ги водеше низ автентичните вински вкусови преку дегустација на вината „Temjanika Luda Mara“, „Domaine Lepovo Chardonnay“, „Babuna Red“ и „Terrasse а l’Ombre“. Секако, искуството немаше да биде целосно доколку гостите не пробаа жолта ракија VS.

Дел од ова уникатното винско искуство во „Тиквеш“ беа и Стефан Персон, член на кинематографскиот тим на една од најгледаните серии минатата година – „Wednesday“, Дарија Д’Антонио, претседателка на главното жири на фестивалот, Лоренс Шер, кинематограф на познати холивудски блокбастери, меѓу кои и добитникот на Оскар, филмот „Џокер“, Жан Мари Дружу, претседател на француската асоцијација на кинематографи, Бојана Андриќ, потпретседателка на српското друштво за кинематографија, актерката Кети Краули, Вика Сафригина, амбасадорка на фестивалот, како и Симеон Мони Дамевски, актер и директор на фестивалот, заедно со македонската режисерка Теона Митевска.

Гостите се запознаа со долгата и богата винска историја на регионот и на винарската визба „Тиквеш“, а накусо имаа можност да видат и дел од магијата на создавање на врвно вино.

Питер Бижу е еден од најпознатите кинематографи во светската филмска индустрија. Работел на повеќе филмски остварувања од кои дел имаат значајна улога во развојот на уметноста и суптилниот сатиричен израз, како на пример „Монти Пајтон – животот на Брајан“, „Пинк Флојд – Ѕидот“, „Ричард Трети“, „Шоуто на Труман“ и многу други.

Шејмус Мекгарви, покрај многубројните филмски и телевизиски дела и две номинации за Оскар, работи на кинематографијата на култната серија „Black Mirror“, која создаде нов поглед за влијанието на брзиот технолошки развој и вештачката интелигенција врз луѓето.

Винарската визба „Тиквеш“ традиционално го подржува Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, обидувајќи се на овој начин да даде придонес кон градењето на македонската современа култура.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмалку десет загинати, четворица исчезнати и 2.000 спасени во поплавите во Грција

Редакција

Москва објави видео како руската војска дели хуманитарна помош во Мариупол

Редакција

(Видео) Сопругата на Стево Пендаровски открива каков е приватно: Необично духовит и прекрасен татко

Редакција