еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Павле Беловски избран за претседател на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници

Новинарот Павле Беловски е избран за претседател на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) на вонредното изборно собрание кое се одржа вчера во КЦ „Јадро“, информираат од ССНМ.

Беловски кој година и половина ја извршуваше функцијата како вршител на должност едногласно беше избран за претседател од присутните 46 членови на седмото собрание на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.

„Синдикатот на новинари и медумски работници ја води најтешката улога, да ги антиципира проблемите, да смислува решенија и да ги нуди до институциите и да се бори да бидат озаконети. Да го брани социо-економскиот статус на медиумските работници.

Затоа сакам да истакнам дека најголемата обврска која ја има идното раководство, е да ги превенираме неправдите. Да работиме на свеста. Обврска која лично ја презедов и ја ширам неуморно. Да ги едуцираме нашите колеги за стекнатите права“, рече Беловски во своето обраќање на собранието.

На Собранието беше донесена и одлука за измена на бројот на членови на Извршниот одбор (ИО) од досегашните 13 членови на 11 членови. Покрај Тамара Грнчароска, Марина Илиевска, Павле Беловски, Теодора Цветковска и Теофил Блажевски, кои учествуваа во работата на Извршниот одбор и во изминатиот период, дел од ИО на ССНМ во наредниот ќе бидат и Јован Лесански, Викторија Миткова, Орданчо Костов, Славица Филиповска, Бојан Стојановски и Весна Коловска. Тие имаат петгодишен пандат со право на реизбор.

За членови на Надзорен одбор, пак, избрани беа Елисавета Бејкова, Игор Стефановски и Сашко Димовски.

На Собранието беа разгледани и активностите на ССНМ лани и оваа година, од кои беа издвоени формирањето на младинска секција и менувањето на Статутот на организацијата со задолжително присуство на млади новинари и медиумски работници во Извршниот одбор, зголемувањето на бројот на членови преку низа активности и средби, како и плановите и начините на дејствување во наредните години, информираат од ССНМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе биде ли разрешен Стојанче Ангелов?

Редакција

Драгољуб Арсовски, претседател на УО на ТТК Банка купи акции во банката

Редакција

Викендот 55 лица не го почитувале полицискиот час, приведени 45

Редакција