еМагазин
Image default
Македонија

Пазарниот инспекторат во Куманово ќе биде затворен, еден инспектор позитивен на корона вирусот

Одделението на Државниот пазарен инспекторат од Куманово ќе биде затворено, бидејќи еден од инспекторите е позитивен на КОВИД -19, соопшти денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.

„Денес веќе во Куманово ќе мораме да го затвориме целокупното одделение бидејќи еден од инспекторите се покажал позитивен на Ковид-19. Се што беше од наша страна, правиме за да ги заштитиме инспекторите, но и оние кои правилно ги почитуваат мерките, уредбите и протоколите од Владата бидејќи тоа е во интерес на сите“, рече Пауновски.

Апелираше до сите граѓани, особено до водачите на политичките партии и верските заедници, да бидат одговорни.

„Мораме неселективно да постапуваме за да бидеме успешни. Потребна ни е помош од сите граѓани и од правните субјекти за да на крај излеземе како победници и да не бидеме единствениот во регионот каде секојдневно има зголемување на случаи позитивни на Ковид-19“, рече Пауновски.

МИА/Фото: Општина Куманово

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството ја отфрли кривичната пријава против градоначалникот на Куманово во однос на корона вирусот

Официјално: Се враќа полицискиот час, целосен карантин за Скопје, Куманово, Штип, Тетово…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штип, Свети Николе и Куманово со најмногу заразени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

Билјана Ванковска прва жена која собра 10.000 потписи за кандидатура за претседател на Македонија

Редакција

Бучковски: Бугарија влегува во политичка криза, во моментов тешко до решение во преговорите

Редакција