еМагазин
Image default
Македонија

Училиште во Тетово го прекина уписот на првачиња поради наставничка заразена од корона вирусот

Откако е утврдено дека наставничка од основното училиште Истигбал во Тетово е позитивна на корона вирусот, 40 нејзини колеги самоиницијативно потпишале изјави за самоизолација, па процесот за прием на првачиња е прекинат.

Директорот Реџеп Алили изјави дека и тој е во самоизолација, а потенцира дека наставничката не работела на уписот на нови ученици.

„Пред два дена се дозна дека наша колешка е позитивна. Сите оние кои биле во физички контакт со наставникот самоволно се ставени во самоизолација. Јас утре имам термин да го направам Ковид-19 тестот, а наредните денови и другите наставници треба да бидат тестирани.

Колешката не е дел од процесот на упис на учениците, таа предава на вишите одделенија. Исто така според здравствените препораки, тоа се одвиваше во посебна просторија и го прави посебна комисија составена од педагогот, психологот и две наставнички од нижите одделенија.

Постапено е по протоколите и за дезинфекција на просторот во и надвор од училиштето. Поради ова, уписот на првачињата во училиштето е во прекин и ќе продолжи после 15 јуни“, изјави директорот Алили по телефон.

Раководителот на Секторот за јавни дејности на општина Тетово, Ахмед Ќазими го потврди случајот, а рече дека се преземени сите заштитни мерки.

„Таму веднаш се преземени сите превентивни мерки. Наставничката кај која е потврдено присуство на коронавирусот е предметен наставник во повисоките одделенија и не била во никаков контакт ниту со комисијата која го врши уписот на првачињата, ниту со децата и нивните родители.

И покрај ова, од превентивни мерки, наставниците со кои таа можела да биде во контакт се ставени во самоизолација, а уписот на првачињата е прекинат до 15 јуни“, истакна Ќазими.

Тој информираше дека во останатите основни училишта уписот на првоодделенците се одвива без проблеми и дека се практикуваа сите протоколи со кои се предвидува дезинфекција на лицата и носење заштитна опрема.

МИА/Фото: Општина Тетово

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Официјално: Се враќа полицискиот час, целосен карантин за Скопје, Куманово, Штип, Тетово…

Дури половина од 101. новозаразени со корона вирусот немале контакт со потврден случај

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Унгарски аналитичар: Со азилот за Груевски, Орбан чекор поблиску до Русија

Редакција

Собранието изгласа продолжување на кризните состојби заради недостиг на електрична и топлинска енергија

Редакција

Над 85% од починатите од Ковид-19 се со претходни заболувања, вели Филипче

Редакција