еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од Ковид-19 починале 26 лица, 14 биле вакцинирани, а 25 од нив имале коморбидитети

Министерството за здравство информираат дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 18 починати лица од Ковид-19: 9 починати лица од Скопје (63г, 72г, 72г, 73г, 74г, 78г, 79г, 85г и 90г), 3 починати лица од Прилеп (56г, 69г и 76г), 2 починати лица од Охрид (84г и 89г) и по едно починато лице од Битола (84г), Кичево (74г), Куманово (83г) и Ресен (63г).

Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 8 починати лица, Скопје (3), Пробиштип (1), Штип (1), Струмица (1), Делчево (1) и Гостивар (1).

Починатите се на возраст од 41г до 81г. Од пријавените лица, 4 се починати во болнички услови, а 4 лица во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 04.01.2021 – 29.01.2022г.

Од вкупниот број на починати лица (n=26), 12 лица се целосно вакцинирани, а кај 25 лица се регистрирани коморбидитети.

Вкупниот број на починати е 8.470.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: 1.961 оздравени од Ковид-19

220 се реинфекции, едно лице заразено по третпат: Нови 1.543 случаи на Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Без професионална планинска спасителна служба, ќе имаме уште многу случаи како премрзнатиот сточар од Кратово

Редакција

Стопанска банка Скопје со раст на добивката во третиот квартал

Редакција

(Фото) Вандализиран споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје

Редакција