еМагазин
Image default
Забава

Пејачот Кајмакоски пријавил дека екс сопругата му дала кафе од кое му се слошило, таа вели „глупости“

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски бил примен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, откако му се слошило по средба со поранешната сопруга на која таа му дала кафе во кое тој се сомнева дека имало дрога, објави порталот А1он.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пејачот Кајмакоски: Трет ден сум во болница, да оставиме надлежните органи да си ја вршат својата работа

За случајот информираше и Министерството за внатрешни работи (МВР), од каде соопштија дека 38 – годишно лице со иницијали К.М. бил примен во болница и дека се работи на расчистување на случајот.

„Во полициска станица Центар од Комплекс клиники ’Мајка Тереза’, било пријавено дека кај нив бил примен Д.К.(38) од Струга, по чие што кажување додека бил во парк во Тетово, заедно со неговата поранешна сопруга (25-годишна жена), таа му дала кафе во кое што, според пријавеното, биле ставени наркотични средства.

Жената била повикана во полициска станица Тетово при што ги негирала тврдењата на пријавителот и изјавила дека имале средба со Д.К. за да го види своето дете, но воопшто не пиеле кафе.

Додека траела средбата, според нејзино кажување, на Д.К. му се слошило, а таа за настанот го известила и Центарот за социјални работи. Известен бил Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираа од МВР во дневниот билтен.

Поранешната сопруга на Кајмакоски, Кристина Димитријевска, за А1он, изјавила дека не сака да коментира за обвинувањата.

„Не би коментирала вакви глупости. Ако мислите дека треба да кажам нешто барајте го мојот адвокат“, вели Димитријевска за А1он.

Кајмакоски се разведе во 2019 година по три години брак со Димитријевска во кој добија син.

Фото: Фејсбук/Кајмакоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Италија победи на Евровизија

Редакција

„Архангел“ и Филхармонија со бесплатен концерт за 26 јули во Градски парк

Редакција

(Фото) Заврши „Skopje Wine Expo”- досега најголема посетеност на винскиот фестивал

Редакција