еМагазин
Image default
Бизнис

Пекабеско лани со намалена добивка

Пекабеско АД Скопје за периодот јануари-декември 2020 оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен Биланс на успех во износ од 107,5 милиони денари и истиот е понизок за 2,4% во споредба со претходната година, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“Главна причина е се намалени продажби во извоз поврзано со пандемијата од Ковид-19.

Остварените вкупни приходи од работењето во периодот јануари-декември 2020 година изнесуваат 4.638 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2019 година бележат намалување од 8,1 %.

Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 98,4%, имаат приходите остварени со продажба на готови производи, стоки и услуги кои во споредба со остварените во 2019 година бележат намалување од 8,4%.

Приходите од извоз изнесуваат 592 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2019 се намалени за 9,7%.

Остварените вкупни расходи во периодот јануари-декември 2020 година изнесуваат 4.523 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2019 година бележат намалување од 8,4%“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пекабеско лани со рекордни 159 милиони денари за инвестиции

„Пекабеско“ оствари добивка од 75,4 милиони денари за девет месеци

Колкави биле примањата на Слободан Кутревски и на менаџментот на Пекабеско лани

Фото: Пекабеско

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комерцијална нема побарувања од Еуростандард банка и нема хипотека на зградата на банката

Редакција

Предлог одлука ОКТА да дели дивиденда

Редакција

Министерство за информатичко општество и администрација склучи договор со Некстсенс вреден 906,3 илјади евра

Редакција