еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Пендаровски ќе ја преставува Македонија на Светскиот економски форум во Давос

Претседателот Стево Пендаровски од денеска ќе учествува на Годишниот состанок на Светскиот економски форум кој се одржува во Давос, Швајцарската Конфедерација, информираат од неговиот Кабинет.

-Предвидено е утре, 24 мај 2022 година, претседателот Пендаровски да учествува и да говори на панел сесијата „Одржувањето на безбедноста во Европа“, на која ќе говорат и Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, премиерот на Белгија, Александар де Кро и министерката за одбрана на Холандија, Кајса Олонгрен.

Во среда, 25 мај 2022 година, претседателот Пендаровски ќе учествува на сесијата „Дијалог за дипломатија на Западен Балкан“.

Во рамки на учеството на форумот, предвидено е претседателот Пендаровски да оствари повеќе билатерални средби со учесници на форумот, стои во соопштението.

Светскиот економски форум во Давос се одржува од 22 до 26 мај 2022 година, а се очекува речиси 2.500 лидери од политиката, бизнисот, граѓанското општество и медиумите да дискутираат за глобалните прашања и најитните предизвици во светот, вклучувајќи ја тековната пандемија, војната во Украина, гео-економските шокови и климатските промени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По две години пауза, Светски економски форум во Давос: Војната во Украина и ризиците врз економијата во фокусот

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Епидемиолошката ситуација во Македонија е вонредно тешка, Словенија воведе карантин за сите кои доаѓаат од земјава

Редакција

Во судирот меѓу Хамас и Израел досега загинаа речиси 2.500 лица

Редакција

„Раде Кончар-контактори и релеи“ го доби тендерот на МВР за набавка на регистарски таблици за возила вреден 575.000 евра

Редакција