еМагазин
Image default
Техно

На Технолошко-металуршкиот факултете отворена ИНО ФАБ ЛАБ – катче за младите иноватори 

Средношколци и студенти на возраст од 15 до 29 години ќе можат да ги реализираат своите иновативни идеи во новата лабораторија за производство што беше отворена денеска на Технолошко-металуршки факултет (ТМФ) во Скопје.

Станува збор за ИНО ФАБ ЛАБ – катче во кое младите со помош на ментори ќе можат да крираат, иновираат и да се дружат, создавајќи продукт прототип како основа за почеток на некој нивен успешен бизнис.

– Замислено е да има три повици на кои ќе се јават тимови водени од наши ментори. Првиот повик почнува денеска, со отворањето на лабораторијата, а вториот и третиот ќе бидат по три до четири месеци, изјави претседателот на Здружението ИНО ТЕХ КЛУБ, Игор Јорданов.

Според директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) Фестим Халили, ваквите лаборатории на младите ќе им овозможат пристап до напредни технологии и материјали.

-На овој начин им даваме шанса и можност на сите млади ентузијасти да ги унапредуваат своите знаења и вештини, како и да стекнат искуство. Но, без вклучување на прватниот сектор ова не би имало потенцијал за долгорочна одржливост, истакна Халили, дополнувајќи дека ова треба да биде поттик за нови иницијативи и соработки со цел создавање услови во кои факултетите ќе бидат еко системи за наука и истражување.

В.д. деканот на ТМФ, Билјана Анѓушева изрази верување дека овој иновативен и најсовремно опремен простор ќе даде значаен импулс во поттикнувањето што повеќе млади луѓе да се заинтересираат за техничките науки, да станат инженери и да придонесат за развој на нашата економија.

-На нашиот факултет едуцираме инженери од речиси сите индустрии, кои се почесто се дефицитарни, а се барани на пазарот на трдуот. Верувам дека креирањето нови можности за едукација и јакнење на практичните вештини ќе ги привлечат младите да градат кариери во овие области, напомена Анѓушева.

Лабораторијата за производство ИНО ФАБ ЛАБ е основана со поддршка од ФИТР во рамки на „Предизвикот за воспоставување лаборатории за производство FAB LABS – Младите создаваат”, со поддршка од американската Амбасада и неколку домашни компании.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Amazon web services“ влегува на македонскиот пазар и во регионот преку „Семос едукација“

Редакција

Што сè ни носат Галакси С10 телефоните?

Редакција

НАСА предупредува дека потенцијално опасен астероид се доближува до Земјата

Редакција