еМагазин
Image default
Техно

Што сè ни носат Галакси С10 телефоните?

Самсунг Галакси С10 серијата на уреди забележа рекордни резултати во претпродажниот период, а само во нашиот регион остварен е 40% подобар резултат во однос на продажбата споредбено со Галакси С9.

Кога зборуваме за резултатите остварени надвор од нашето поднебје, забележана е поголема продажба во однос на било кој друг паметен телефон на Самсунг кој може да се купи во Европа.

Повеќе од половина од количината на Самсунг Галакси С10+ произведени уреди е веќе продадена, алудирајќи на растечкиот тренд меѓу потрошувачите да се интересираат и одлучуваат за телефони со високи перформанси и големи екрани.

Што е тоа што уредите од Галакси С10 серијата го имаат, а што потполно ги одушеви корисниците ширум светот, па и нас, ќе се обидеме да објасниме во следните реченици.

Дизајн:

Не судете ù на книгата според корицата, односно не оценувајте го на телефонот според дизајнот во овој случај воопшто не важи. Затоа што, овој пат треба да се оцени телефонот според тоа како изгледа! Фантастичниот надворешен и препознатлив Самсунг дизајн претставува само вовед во децениската приказна за иновациите.

Единствениот “Infinity-O“ екран во чии рамки е сместена цела низа сензори и технологијата за камера во “отворот на екранот“, создава навистина непречен приказ за корисникот. Благодарение на тоа што сензорите се наоѓаат во самиот екран, се создава максимална површина на екранот, од едниот до другиот раб, со однос од 19:9.

Рабовите на уредот се симетрично заоблени од предната и од задната страна. Уредите се уште потенки, неверојатно удобни за држење и ракување со една рака.

Телефоните пристигнуваат во оригинални бои: Призма Црна, Бела, Зелена, Сина и Неонско Жолта, а Галакси С10+ е достапен и со премиум керамичко куќиште во црна и бела боја.

Батерија, перформанси, меморија:

Вештачката интелигенција на Галакси С10 серијата уреди овозможува неверојатна трајност на батеријата покрај врвниот хардвер (трета генерација на серијата 9 “Exynos 9820 8n“ и “DDR4X“ работна меморија). Галакси С10+ пристигнува со капацитет на батерија до 4100 mAh, моделот Галакси С10 – 3400 mAh, а Галакси С10е има капацитет на батерија – 3100 mAh. Уредите од серијата Галакси С10, сликовито прикажано, учат како корисникот го користи телефонот и според тоа ја оптимизираат потрошувачката на батеријата.

Најновите телефони пристигнуваат со меморија од 6 гигабајти па сè до  12 гигабајти РАМ меморија и со 128 гигабајти, 512 гигабајти или 1 терабајт внатрешна меморија, која може да се зголеми со микроСД картица до 512 Гигабајти.

Преку внатрешниот мемориски простор со големина до 1 терабајт кај С10+ уредите и додавање на микроСД картица со дополнителни 512 гигабајти се добива револуционерен простор од 1,5 терабајти – доволен за складирање на сè што е важно за корисникот – па дури и до крајот на животот.

Кориснички интерфејс – “ONE UI“

Новиот кориснички интерфејс, “ONE UI“, е реорганизиран за поедноставно и полесно управување со телефонот, а е предвиден за работење заедно со оперативниот систем Андроид 9 Пај (Android 9 Pie). Кај овој интерфејс перформансите се беспрекорни, додека иконите се јасни и воочливи. Горниот дел од екранот служи за приказ и претставува најпрегледниот дел на екранот.

Преку долниот дел на екранот се овозможува наједноставна комуникација со она што ни е потребно од телефонот.

Овој интерфејс е направен за корисникот да може со една рака да го користи уредот, па дури и кај екранот од 6,4 инчи, каков што има Галакси С10+.

Исто така, тука е и ноќниот режим за работење, преку кој со еден потег, интерфејсот може да ја намали светлината на екранот и да го направи користењето на телефонот пријатно за очите во одредени услови – на пример, навечер.

Екран:

Тимот кој победува не треба да се менува и тоа е навистина така. Екраните на мобилните телефони на Самсунг ги воодушевија корисниците ширум светот, а кај Галакси С10 уредите, екраните се уште подобри. Компанијата Самсунг, во најновата С10 линија на уреди воведе Динамичен Супер АМОЛЕД екран со “HRD10+“ технологија, која се користи при изработка на премиум ТВ панели.

Овој вид на екран прикажува широк спектар на бои и дава неспоредливо живописен приказ на сè она што се прикажува на екранот, благодарение на технологијата за тонско мапирање. Екранот создава уште подлабоки темни и светли нијанси, динамички ги мапира тоновите за подобра осветленост и тоа за широк спектар на бои.

На овој начин создава подобра и почиста слика при голема осветленост.

Безбедност:

Самсунг го воведе првиот во свет, ултразвучен скенер за отпечатоци на прсти кој ги чита три-димензионалните контури на прстот, а не само дво-димензионалните, сместен во самиот екран.

Овој сензор скенира и три-димензионално го мапира врвот на прстот, со што фалсификувањето е невозможно. Не само што ја “чита“ шарата на отпечатокот на прстот на корисникот, туку и длабочината на браздите и целиот отпечаток – создавајќи најголемо ниво на безбедност досега.

Овој скенер функционира во сите услови, без разлика дали рацете на корисникот се суви, влажни, топли, студени…

Камера:

Можеме да кажеме дека Галакси уредите имаат навистина одлична камера, за секоја пригода. При ваков систем на камерата, секој корисник може да се претвори во професионален фотограф. Галакси С10+ има три задни и две предни камери, Галакси С10 има три задни и една предна камера, додека пак Галакси С10е пристигнува со две задни и една предна камера.

Сите три уреди користат речиси идентичен систем на задни камери, а супер брзиот “Dual Pixel“ сензор е главна, широко-аголна камера од 12 мегапиксели која ја има во сите три уреди.

За прв пат во С серијата, системот на камерата се состои и од ултраширок објектив со видно поле од 123 степени (како човековото око) и 16 мегапиксели, во сите три модели. Дополнително, Галакси С10 и С10+ имаат и телефото камера од 12 мегапиксели.

Телефот и супер брзата Дуал Пиксел леќа имаат Оптичка стабилизација (OIS), а ултра широко-аголната леќа има Супер стабилизатор.

Она што навистина претставува револуционерна новост е тоа што и предната и задната камера може да снимаат до “UHD“ квалитет, а задната камера може да снима и со “HDR10+“ квалитет. Галакси С10 телефоните поддржуваат снимање во 4К резолуција до 60 fps.

Телефоните пристигнуваат со неверојатна предна камера, додека Галакси С10+ поседува две. Како главен сензор, уредите го користат широко-аголниот сензор од 10 MP, со отвор на бленда f/1.9, како и Дуал Пиксел “PDAF“ технологија. Со ова, новите Галакси уреди ја поседуваат првата предна камера која содржи ваква технологија.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На „Фејсбук“ „висат“ 1,1 милион, а на „Инстаграм“ 540.000 македонски граѓани

Никола Осило

Партнерот на Програмата за Развој на ОН, Samsung, во поддршка на Глобалните цели

Редакција

Samsung го претстави 240Hz G-Sync компатибилниот заоблен CRG5 Монитор за игри во Европа на gamescom 2019

Редакција