еМагазин
Image default
Македонија

Пендаровски: Гоце Делчев нека го чествува кој сака, тоа може да ни прави поголемо задоволство

Гоце Делчев нека го чествува кој сака, тоа може само на нас Македонците кои го чествуваме, кои го почитуваме, да ни прави уште поголемо задоволство, поголем мерак. Станува збор навистина за фигура која далеку ги надминува, јас би рекол, и регионалите рамки на  Балканот.

Ова го изјави претседателот на државата Стево Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање по денешната седница на Советот за безбедност.

„Она што навидум не дели, треба да не спојува. Јас мислам дека тој е македонски револуционер, кој е еден од најзаслужните за македонската држава која стана вистина, која се оствари по 1944 година. Меѓутоа тоа што тие тврдат дека тој е Бугарин, се борел за бугарската кауза, е за мене неспорно.

Секој има право тоа да го брани. Зошто тоа би било проблем, не во однос на евроинтеграциите, генерално како народи, како граѓани, не гледам проблем ако ти го сметаш некого за јунак да го чествуваш и ти, и тоа не мора да биде исклучиво“, рече Пендаровски на новинарско прашање за Гоце Делчев, чиј македонски идентитет се оспорува со Меморандумот од Бугарија.

МИА/Фото: Фејсбук/Пендаровски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев: Ние го имаме Делчево, во Бугарија има град Гоце Делчев

Гоце Делчев останува клучно спорно прашање меѓу Македонија и Бугарија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Патувале од Италија со 40 патници во автобус: Сопружници од Дебар новозаразени со коранавирусот

Редакција

Заев: Идентитетските прашања не можат да бидат предмет на преговори, има позитивни сигнали за тоа од Софија

Редакција

Суспендиран од работа анестезиологот од Тетовската болница кој објави снимки со пациенти на „Tик-Tок“

Редакција