еМагазин
Image default
Македонија

Почна судскиот процес меѓу Русковска и ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителката претрпела душевна болка од изборните спотови

Почна судскиот процес по тужбата на обвинителката Вилма Русковска против ВМРО-ДПМНЕ за спотовите во изборната кампања во кои партијата го користеше ликот на обвинителката.

Според тужбата, тоа предизвикало загриженост, анксиозност и душевна болка кај шефицата на Јавното обвинителство за организиран криминал, бидејќи без докази се тврдело дека таа работи незаконски.

Според одбраната на ВМРО-ДПМНЕ спотовите во кои се користел ликот на Русковска не биле клевета, туку критика.

„Првата работа поради која што цениме дека тужбеното барање во целост е неосновано, е заштитата на членот 10 од Европската конвенција за човекови права, слободи и права, односно потребата од  почитување на правото за слободно изразување на мислата. Особено на критичката мисла која што е насочена кон работењето на државните органи и на власта во Република Македонија.

Се поставува прашање што е побитно? Дали јавниот интерес, дали потребата граѓаните да бидат информирани, потребата на граѓаните на Република Македонија да можат да постават одредени прашања во саркастични и провокативна форма?

И воедно заштитата на членот 10, или заштитата на приватната репутација на еден јавен функционер која што патем е платена од пари на граѓаните на Република Македонија, извршувајќи ја функцијата како што ја извршува обвинителката за организиран криминал“, изјави адвокатот на партијата Панче Тошковски.

Инаку, Русковска бара ВМРО-ДПМНЕ да ѝ исплати отштета од 10.000 евра и најави дека парите ќе ги донира во хуманитарни цели.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Адвокатот на таткото на Вања бара куќен притвор за него

Редакција

Попишани над еден милион граѓани

Редакција

Нови 406 случаи на Ковид-19, во Скопје 184

Редакција