еМагазин
Image default
Локално

(Фото) „Уловени“ 21 непрописно паркирани возила на кејот во центарот на Скопје

Инспекторатот на Град Скопје денеска спроведе акција за санкционирање непрописно паркирани возила на јавната површина на кејот „13 Ноември“, на потегот од хотелот „Холидеј ин“ до плоштадот „Македонија“.

„На овој потег се забележани поголем број несовесни возачи кои го злоупотребиле јавниот простор за да ги паркираат своите возила, иако на оваа локација паркирањето е забрането.

Затекнатите прекршители се опоменати и им е изречена глоба“, информираат од Град Скопје.

Во утринските часови се изречени 21 глоба.

„Во законски предвидениот рок од 7 дена прекршителите ќе треба да подигнат платен налог од Инспекторатот на Град Скопје и да извршат уплата од 50 евра, во денарска противвредност,  колку што изнесува глобата за овој прекршок. За овој тип прекршоци, глобата не може да биде заменета со општокорисна работа.

Акцијата за санкционирање непрописно паркирани возила на кејот „13 Ноември“ се спроведува во соработка со Општина Центар и ќе трае континуирано, подолг временски период.

Градот Скопје апелира до граѓаните своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта во градот, да го почитуваат комуналниот ред и поставената сигнализација и да ги чуваат јавните површини. Целта е да се одржува редот и хигиената на јавниот простор и да се стави крај на ваквите грди слики низ градот“, соопшти Градот.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен скопјанец кој чувал марихуана во домот на татко му во Црниче

Редакција

Свекрва од Битола си ја бара снаата

Редакција

(ВИДЕО) Во скопска Топана приведени две лица, запленети оружје и муниција во импровизирана работилница 

Редакција