еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Пендаровски од Давос: Политиката на отворени врати мора да продолжи, не само во однос на НАТО, туку и на Европската Унија

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос, денеска се обрати на панел сесијата „Одржувањето на безбедноста во Европа“.

Во фокусот на дискусијата беше војната во Украина, но и чекорите што Европската Унија треба да ги преземе.

На панел дискусијата учествуваа генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, премиерот на Белгија, Александар де Кро, министерката за одбрана на Холандија, Кајса Олонгрен и шефот на претседателската администрација во Украина, Андриј Јермак.

Учесниците на панелот, како што соопштија од Кабинетот на претседателот, ја осудиле руската агресија и изразиле поддршка за украинскиот народ. Била истакната важноста од превенција на ескалација на конфликтот во Украина и неопходноста да се обезбеди заштита на НАТО сојузниците.

Претседателот Пендаровски истакнал дека руската инвазија врз Украина како никогаш претходно ја наметнала потребата Европската Унија да се фокусира на интеграцијата на земјите од Западен Балкан, процес кој дополнително ќе ја зајакне стабилноста, безбедноста, демократизацијата на регионот, а со тоа ќе придонесе и кон целокупната безбедност на континентот.

Нагласил дека НАТО, но и Европската Унија, се двата коридори за подобра, побезбедна и попросперитетна иднина.

– Потребно е да ѝ помогнеме на Украина, да ги убедиме и другите сојузници кои можеби имаат одредена доза на скептицизам. Политиката на „отворени врати“ не треба да важи само за НАТО, туку да се применува и за Европската Унија, вратите и на двете организации да останат отворени за украинскиот народ.

Украинците се борат за сопствената слобода, но оваа борба е и за одбрана на демократските вредности. Ова е војна на една автократија против демократија. Доколку Путин успее некако да победи во оваа војна, тогаш нема само да ја победи Украина, порачал Пендаровски, додавајќи дека Македонија во рамки на своите можности дава поддршка на Украина, од воена до дипломатска помош.

Според Пендаровски, политиката на отворени врати мора да продолжи, не само во однос на НАТО, туку и во однос на Европската Унија, бидејќи во спротивно концептот за обединета Европа ќе биде само сон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски ќе ја преставува Македонија на Светскиот економски форум во Давос

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Скопски пазар“ ја „здрма“ берзата: Продадени акции за 1,5 милиони евра

Редакција

(Фото) Рајчица претесена за верниците кои дојдоа да ја пречекаат чудотворната икона на Св. Георгиј од Света Гора

Редакција

Скоро половина од возрасните во Македонија пушат цигари

Редакција