еМагазин
Image default
Македонија

Пендаровски стави потпис на Законот за финансирање на политичките партии

Претседателот Стево Пендаровски, денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за изменување на Законот за финансирање на политичките партии, со кој им се враќаат средствата запрени во услови на вонредна состојба заради нивно користење за справување со економските и социјалните последици од здравствената криза.

Пендаровски, информираат од неговиот Кабинет, очекува дека на ист начин на којшто на политичките партии им се враќаат запрените средства за финансирање, коишто законски им следуваат, ќе им се вратат и финансиските средства на сите институции коишто остваруваат витален јавен интерес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица не гласале за Законот за финансирање на политичките партии

Партиите на „тапет“ на Твитер откако сложно и братски си се договорија да си исплатат 3,5 милиони евра

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанакиески доби четири години и шест месеци затвор за „Титаник“, Јанкулоска две години и шест месеци

Редакција

На граничниот премин Табановце се чека околу 40 минути

Редакција

(Видео) Филипче: Учениците, родителите и наставниците да ги почитуваат пропишаните мерки за безбедна учебна година

Редакција