еМагазин
Image default
Македонија

Пет новозаразени од Ковид-19 и тројца оздравени во Кичево

Во Кичево денеска има пет нови лица заразени од Ковид-19 и тројца оздравени, покажуваат податоците од Министерството за здравство. Со ова вкупниот број на заразени во општината достигна 120, од кои 93 се активни, 22 излекувани и пет лица починати.

Како што истакна докторот Џабир Бајрами, член на Општинскиот Кризен штаб во Кичево, петте новозаболени лица се во добра општа здраствена состојба и се лекуваат во домашни услови под контрола на нивните матичени лекари.

-Тие се и во изолација, додека пак денеска ние имаме среќа што тројца успеале да ја добијаат битката со вирусот, рече Бајрами.

Тој упати апел до сите граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Починаа девет нови лица од Ковид-19, вкупната бројка се зголеми на 460

Нови 137 заболени со Ковид-19 од 1.542 тестирања, најмногу во Скопје 60

Убава вест: Оздравеа 103 пациенти од Ковид-19, половината од нив од Скопје

МИА/Фото: Општина Кичево

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Припадник на Армијата ранет во стапало при воени вежби на Криволак

Редакција

Починаа уште 21 лице од Ковид-19, вкупно 2.812

Редакција

Антикорупциска отвора предмет за паричната помош за здруженијата и фондациите за справување со кризата од коронавирусот

Редакција