еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Чулев се враќа на претходното работно место во Агенцијата за разузнавање: Поминавме низ турболентен период

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев кој денеска ја предаде должноста на Агим Нухиу се огласи на неговиот фејсбук-профил по повод заминувањето од МВР и враќање на неговите претходни должности.

„Денес е последен ден од мојот мандат како министер во Техничката влада избрана за спроведување на предвремените парламентарни избори.

Во изминатите неколку месеци сите ние, во Министерството за внатрешни работи, но и во државата поминавме низ турбулентен и прилично специфичен период во кој бевме исправени пред значајни и сериозни предизвици.

Министерството за внатрешни работи во изминатиот период имаше исклучително важна задача: да го заштити здравјето на граѓаните, да ја гарантира безбедноста на државата и јавниот ред и мир и да организира мирни, безбедни и демократски избори.

Во оваа прилика сакам да се заблагодарам пред се на вас – граѓаните кои со своето одговорно однесување дадовте сериозна поддршка на Министерството за внатрешни работи во исполнување на секојдневните задачи и обврски и справувањето со предизвиците кои претходно ги споменав.

Воедно, сакам да се заблагодарам на сите вработени во Министерството за внатрешни работи за исклучително високо ниво на исполнителност изминатиот период, а пред се на вработените во мојот кабинет кој со исклучително високо ниво на одговорност, чесност и посветеност, пожртвувано пристапуваа на исполнување на работните задачи и обврските.

На крајот посакувам и апелирам што поскоро да се формира владиното мнозинство, а тоа ќе значи и враќање на институциите во својот полн капацитет.

Јас од утре се враќам на моето претходно работно место во Агенцијата за разузнавање од каде ќе продолжам да давам придонес во областа на безбедноста, а на мојот наследник и колега Агим Нухиу од срце му посакувам успешно извршување на работните задачи во периодот што следи“, напиша тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото+Видео) Чулев не е повеќе министер за внатрешни работи, должноста му ја предаде на Агим Нухиу

Фото: Фејсбук/Чулев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Кои граѓани ќе добијат финансиска поддршка од Владата во износ од 3.000 денари

Редакција

Се заборави дека обвинителството не најде проблем во „Дрисла“ и дека имаме 1.000 диви депонии

Редакција

Имаме мнозинство за гласање на новите министри од АА, вели кординаторот на пратеничката група

Редакција