еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Пет стипендии од ЕСМ, МЕПСО и ЕВН за студентите на ФЕИТ

Трите македонски електроенергетски компании, деветти пат по ред, доделија стипендии на студентите од Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Пет студенти од ФЕИТ се нови стипендисти на АД ЕСМ, ЕВН Македонија и АД МЕПСО.

Стипендиите за студентите на ФЕИТ се доделуваат традиционално секоја година, станува збор за повеќегодишната соработка што е сериозен стимул за нивниот образовен процес.

Стипендистите добиваат одлична финансиска помош со обезбедување средства за нивна едукација, можност за практична работа, како и можност за вработување во компаниите и поддршка за студентите на Факултетот.

Во согласност со воспоставената практика од 2012 година, компаниите АД ЕСМ, АД МЕПСО и ЕВН Македонија, доделија пет стипендии на студенти од прва и втора година запишани на електроенергетските насоки на ФЕИТ, во студиската 2019 – 2020 година.

Стипендиите се во износ од 8.000 денари месечно и се доделуваат за 10 (десет) месеци, со можност за продолжување или за прекин.

Финансирањето е предвидено да трае за време на сите студиски години, при што услов е просекот во текот на студирањето да биде над 8.0.

Енергетските компании покажаа висока општествена одговорност кон заедницата, и токму во годината што донесе сериозна здравствена и економска криза, даваат голема поддршка за школувањето на идните електроинженери.

Компаниите и во иднина ќе продолжат да го поддржуваат образовниот процес и создавањето кадри што моментно се курентни и неопходни на пазарот на трудот за развој на нашата економијa.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Нина Црнокрак е новата Little Miss Planet 2023, уште две титули за сестрите Стефанови

Редакција

Стопанска банка Скопје доделува грантови за реализација на проекти за лица со посебни потреби во рамки на „Сонуваме. Менуваме“

Редакција

„Хипомед“ донираше медицински апарати и опрема на болници низ Македонија

Редакција