еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За инцидентите на протестот за „Монструм“, на разговoр се повикани 14 лица

Покрај прекршочни ќе има и кривични пријави за сите оние кои извршиле оштетување на имотот на државата, на возилата на Министерството за внатрешни работи и кои учествувале во насилствата за време на протестот за случајот „Монструм“. Секое од тие лица ќе биде санкционирано. МВР досега идентификувало и повикало на разговор 14 лица, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Протестите кои се одржуваат се демократски чин за да се изрази некакво незадоволство од тоа што се случува во општетството. Но, тие никако не смеат да бидат нарушување на законскте правила и прописи.

Точно е дека е поднесена пријава и против организаторот на протестот затоа што, пред се, не се придржувале кон мерките за заштита на здравјето и при тоа не биле испочитувани протоколите.

Меѓутоа ќе има и кривични пријави за сите оние кои извршиле оштетување на имотот на државата, на возилата на Министерството за вматрешни работи. Секој од тие лица ќе биде санкциониран.

Ние работевме во единицата за насилен криминал и веќе се идентификувани и во вчерашниот ден се повикани 14 лица кои директно учествувале во ваквите насилства кон објектите или кон имот на државата,“ одговори Спасовски на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата дали ќе бидат покренати кривични пријави за организаторите за протестите за случајот „Монструм“.

Тој појасни дека сите повикани се полнолетни освен едно малолетно лице кое е повикано да дојде со родителот во станица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Скандирање УЧК, димни бомби, камења за полицијата и погрдни зборови за Фетаи на протестот за подршка на на обвинетите во „Монструм“

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За новогодишната ноќ времето ќе биде ведро со услови за појава на магла

Редакција

(Фото) Каролина совршена на зајдисонце во MANGO

Редакција

Гаши: 12 април ќе биде добар ден за сите

Редакција