Бугарскиот премиер Кирил Петков, уште еднаш, во бугарското Собрание повтори дека во Бугарија нема Македонци.
Во денешното рефирирање пред бугарските пратеници за резултатите од контактите со политичариве од Македонија изминатиов период, тој рече дека неговата влада нема да ја отвори темата за македонското малцинство.
“Јас не би ја ни коментирал, рече Петков и вети дека „нема да подлегнува на провокации“.
Рече и дека, „ОМО Илинден е провокација кон новиот македонски премиер Димитар Ковачевски“.
“Најдоброто нешто за Бугарија е да има добрососедство, да има отворени граници, РС Македонија да биде демократска земја, да се ослободи од корупцијата и да има пристап до фондовите на ЕУ и Бугарите да бидат заштитени таму.
Ова е долгорочната стратегија за која се бориме, но се согласувам, тоа не треба да се прави со игнорирање на бугарските интереси“, рече Петков.
Напомена и дека само впишување на Бугарите во Уставот на Македонија, сепак нема да биде само по себе доволно.
„Важно е бугарското малцинство во Северна Македонија да биде признаено преку измени на нивниот устав, но тоа нема да биде доволно. Поважно е во текот на преговорите за членство во ЕУ секоја манифестација на говор на омраза или дискриминација да биде разбиена во текот на овој процес и елиминирана“, рече Петков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пендаровски се сретна со претставници на Македонците од Бугарија
Фото: МИА