еМагазин
Image default
Бизнис

Петмина министри од Бугарија и Македонија утре ќе учествуваат на работниот состанок за транспорт и инфраструктура во Софија

Тројца министри од Бугарија и двајца од Македонија ќе учествуваат утре на состанокот на меѓуресорската работна група за соработка во областите на инфраструктурата, транспортот и поврзувањето, соопштија од Министерството за регионален развој и јавни работи.

На состанокот ќе учествуваат вицепремиерот и министер за регионален развој и јавни работи Гроздан Караџов, министерот за локална самоуправа на Република Северна Македонија, Горан Милевски, министрите на транспорт на Бугарија – Николај Сабев, и на Република Северна Македонија – Благој Бочварски, и министерот за енергетиката Александар Николов.

На работната средба ќе се вклучат исто така и регионалниот заменик-министер Делјана Иванова, Размена Чекиќ-Дуровиќ – државен секретар во Министерството за економија на Република Северна Македонија, и експерти од двете земји.

Учесниците ќе дискутираат на теми, поврзани со транспортот и транспортната поврзаност меѓу двете земји, енергетиката и регионалната политика.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пелистерка лани со добивка и зголемени приходи

Редакција

33 компании кои котираат на Македонската берза во првото пологодие работеле со загуба

Редакција

Горан Тодоров предложен за нов член на Одборот на директори на Тутунски комбинат Прилеп

Редакција