еМагазин
Image default
Македонија

Петнаесеттина штипски здравствени работници се уште ја немаат добиено ковид наградата

Над 15 штипски здравствени работници од Клиничка болница-Штип кои во битката со коронавирусот се вклучија по 6 декември 2020 година се уште ја немаат добиено заслужената награда од 30.000 денари.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев денеска потврди дека дополнителниот список со овие вработени е испратен до Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување. Наградата за битката со коронавирусот е пристигната до над 220 вработени во штипската болница.

-После датумот кога беше направен пресекот и друг персонал се вклучи во битката со коронавирусот. Така да парите беа пуштени само врз база на првобитните списоци, се она што отпосле дојде да работи таму. Ние имаме неколку пати комуникација со Министерство за здравство.

Ние сме спремни како болница да им ги дадеме наградите, коишто отпосле дојдоа и се вклучија во битката со корона инфекцијата. Но, мора да имаме одобрение од Министерство за здравство, кое го чекаме да ни го одобри и од сопствени средства да им даде награда на луѓето, кои отпосле се вклучија во битката, вели Ѓеорѓијев.

Во штипската модуларна болница во моментов се хоспитализирани тројца пациенти, од кои еден е потежок, а останатите двајца се со полесна здравствена состојба.

-Да ја искористам приликата и да апелирам граѓаните кои се уште не се вакцинирани, да се пријават и да се имунизираат, со цел есента да ја дочекаме без поголеми проблеми, вели Ѓеорѓијев.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одложено рочиштето за насилството во Собрание, судењето продолжува утре

Редакција

Суспендирани полицајците кои тврдеа дека биле измамени од затвореник

Редакција

Нема да гласаме за резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ ако остане името со кое е поднесена, рече Заев

Редакција