еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

Питу Гули на Мечкин Камен загинал на 38-годишна возраст: Кој е приватно еден од најголемите македонски револуционери

Современици сведочат дека еден од најголемите македонски револуционери со влашко потекло, Питу Гули имал завршено само две одделенија основно училиште и дека во младоста бил овчар, крчмар, гостилничар, заточеник и комита.

По раната смрт на таткото, мајка му го пратила да работи кај богатиот трговец и сточар, Манду во Кочани.

По некое време, како и многумина други крушевчани, во потрага по подобра егзистенција, се нашол меѓу македонските печалбари во Софија.

Годината на раѓањето на Гули се изведува од сведоштвата за неговото влегување во четата на Адам Калмиков. Неколкумина современици тврдат дека во 1885 година тој бил на дваесетгодишна возраст, така што може да се прифати дека Питу Гули е роден во 1865 година.

Тој бил врсник на Пере Тошев и Ѓорче Петров, а на Мечкин Камен загинал на 38-годишна возраст.

Во 1895 или 1896 година, Гули се оженил со крушевчанката Евгенија, ќерка на сточар од Крушево. Во бракот со Евгенија тие имале четири деца – тројца синови и ќерката Флора.

Академик Манол Пандевски потенцира дека набргу по загинувањето, петчленото семејство на Питу се распаднало. Една година по смрта на Гули, умрела жена му од туберкулоза. Четирите деца одраснале во сиропиталиште во Битола.

Нивната ќерка Фрлора умрела млада по ампутација на едната нога. Ташко Гулев (Шула Гули) загинал во 1913 година во редовите на Македонско-одринските доброволни чети во рамките на бугарската армија, Никола Гулев (Лакја Гули), кој бил еден од најверните помагачи на Тодор Александров, бил убиен од Србите во 1924 година, а Стерјо Гулев, кој бил соработник на бугарската полиција, се самоубил по влегување на партизаните во Крушево, во 1944 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Посмртните останки на Панко Брашнаров, кој го отвори првото заседание на АСНОМ останаа во Загреб

(ВИДЕО) Како изгледаше импровизираниот напад на Крушево

(Фото) Кои биле „министрите“ во Привремената влада на Крушевската република

Извор/фото: Википедија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зошто ги славиме Кирил и Методиј

Редакција

Украина планирала воена интервенција во Донбас, тврди Русија

Редакција

Децата со примени три дози ДиТеПер во изминатите шест месеци може да посетуваат градинка

Редакција