еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Плацови на Водно“: Обвинителката Стефанова незадоволна од казните за Груевски и Мијалков

Со донесената пресуда од страна на првостепениот суд во целост се потврди тезата на Обвинителството дека обвинетиот Никола Груевски и останатите обвинети, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Јордан Камчев и Ристо Новачевски, го сториле кривичното дело „перење пари“ и други приноси од казниво дело, обвинетиот Никола Груевски го сторил кривичното дело „противправно стекнување и прикривање имот“, изјави обвинителката Лиле Стефанова.

Таа смета оти Обвинителството во овој случај, како што рече, „понуди и беа изведени квалитетни докази од кои во целост се докажа диспозитивот на обвинителниот акт“.

– Во однос на обвинетиот Никола Груевски се покажа дека додека бил премиер дејствувал коруптивно, стекнувал имот чие потекло го прикривал, не го пријавил во својот анкетен лист, а, исто така, во целост се докажа дека во 2012 година преку фирми, оф-шор компании со сложена шема, која што денес и судот целосно ја образложи, за себе купил имот во Македонија со незаконски стекнати парични средства, образложи таа.

Стефанова истакна дека за неа од особена важност е изречената конфискација, и, како што рече, смета дека тоа е од важност и за целото општество.

– Иако од износите кои ги слушавте, а ги читаше судот, имотите беа евидентирани со пониски износи, во моментот, трите стана луксузни во Панорама Резиденс, два стана на улицата во кои живеел Никола Груевски, а сега живее и неговото семејство, градежното неизградено земјиште на Водно во површина од 2.700 метри квадратни, имотот во Крушево, и земјиштето кое беше конфиксувано, а по кое и овој предмет го доби името „Плацови на Водно“ во моментот, според пазарната вредност вредат околу 3 милиони евра, рече таа.

Обвинителката за дел од казните смета дека се правилно одмерени, но за дел од казните, како што рече, „ќе почекаме да ја добиеме писмено изработена пресудата и ќе одлучиме дали ќе поднесеме жалба“.

– Ова особено го мислам за казните изречени спрема обвинетиот Никола Груевски и обвинетиот Сашо Мијалков, рече таа, дополнувајќи дека бара поголеми казни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адвокатот на Мијалков, Давидовиќ незадоволен од пресудата за „Плацови на Водно“, ќе ја обжали

(Видео) “Плацови на Водно„: 7 години затвор за Груевски, Мијалков доби 1 година и 3 месеци, а Камчев 1 година

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судење „Таргет-Тврдина“: Мијалков го испрашуваше свиркачот Ѓорѓи Лазаревски

Редакција

Дарко Лешоски со „Послание до Европјаните“: Испадна дека ние сме господа. Ама баш господа за сите вас, членки

Редакција

МПЦ го поздрави и благодари за признавањето на афтокефалноста од страна на Руската православна црква

Редакција