еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Планетата Земја ја доживува декадата на загадување и уништување, а човештвото одбива да ја научи оваа лекција и продолжува „по старо“

Глобалното затоплување, загадување на водите, почвите и воздухот, сечата на шуми и претерано искористување на природните ресурси доведоа до работ на уништување многу скапоцени екосистеми и видови, затоа оваа година темата на Денот на Планетата Земја е „Обновена нашата Планета“ со цел да се подигне свеста дека ублажување и прилагодување кон климата не се единствени чекори кои можеме да ги преземеме – потребни се иновации во насока на зачувување и обнова на светските екосистеми, апелираат од здружението „Еко-свест“.

-Од една страна, можеме да кажеме дека Планетата ни возвраќа со пандемијата поради несовесниот и несоодветниот однос на човештвото кон природата и ресурсите, а од друга, гледаме дека човештвото одбива да ја научи оваа лекција и продолжува „по старо“.

Во периодите на воведените рестрикции за движење се забележија најголемите штети по природата, вели Ана Чоловиќ Лешоска од „Еко-свест“.

Планетата Земја ја доживува декадата на загадување и уништување, а нашите заштитени подрачја трпат сериозен притисок току за време на пандемијата.

Во светот се прават напори за зачувување и унапредување на зелените површини во градовите за да се создадат сложени урбани екосистеми кои ќе вршат повеќе функции – намалување на загадувањето, фаќање и прочистување на дождовна вода, спас од поплави како и големи зелени површини за инсекти и мали животни.

– Тоа е всушност главната потреба во моментот- светот да ја научи лекцијата од пандемијата и да го промени својот однос кон Планетата. Луѓето треба да разберат дека се интегрален дел од природата, а не нејзин господар.

Без екосистемските услуги што ги дава природата – чиста вода, воздух и храна, луѓето нема да преживеат, согласно, заштитата на овие ресурси е од највисок приоритет, посочува Лешоска.

Едукација на идните генерации е клучна. Идејата дека садење нови дрвја за сметка на уништување на екосистеми стари векови ќе ни помогне во борбата со глобалното затоплување е погрешна и се напушта на глобално ниво. Она што е потребно е полагање напори во зачувување на постојните заштитени  подрачја и обнова каде е најпотребно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Депонијата крај Вардар за некои ќар, за сите загадување: Фатени на дело како горат кабли

Редакција

ДИЖС: Кај МЗТ не истекла солна киселина, имало само прокапување, а фирмата имала лиценца

Редакција

Националниот парк „Шар Планина“ до Владата испрати барање за раскинување на договорите за изградбата на две мали хидроелектрани во прекрасната Лешничка долина

Редакција