Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го посети местото каде што падна беспилотното летало во Загреб, каде што што се спроведува истрага, и изјави дека станува збор за летало од советско производство, пренесува хрватски Индекс.
Беспилотното летало било лансирано од територијата на Украина, но Пленковиќ информираше дека се уште не се знае во чија сопственост било. Текот на истрагата предвидува, дел од леталото да биде откопано, бидејќи е закопано длабоко во земја.
„Не знаеме чие е леталото. Летало над Хрватска седум минути и падна овде. Во несреќата имавме многу среќа никој да не настрада. Оштетени се дури 40 автомобили.
Теоретски можело да биде од Будимпешта, Љубљана… Мораме да ја интензивираме соработката, навреме да ја информираме државата дека нешто се случува. Дали било случајно или намерно се уште не знаеме. Ќе се обидеме да ја откопаме. Ќе комуницираме со државите кои имаат важни информации.
Ваквата ситуација не можеме да ја толерираме и не би смеела да се случи. Ова беше чиста и јасна закана и мора да се реагира во НАТО и во ЕУ,“ изјави Пленковиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Фејсбук/Пленковиќ