еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

„Продолжуваме со промената“ победи на изборите во Бугарија: 7 партии влегуваат во Парламентот, ќе има втор круг за претседател

Според обработените близу 43 отсто од протоколите во окружните изборни комисии на изборите за претседател и потпретседател на Бугарија, Румен РадевИлијана Јотова со 49,45 отсто од гласовите и Анастас ГерџиковНевјана Митева со 21,93 отсто, одат во вториот круг.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, по изборите за 47. Народно собрание на Бугарија, во него влегуваат 7 партии.

Најголем број заменици ќе има левичарската коалиција на двајцата поранешни привремени министри Кирил Петков и Асен Василев, „Продолжуваме со промената“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Не е нормално да летате од Софија за Скопје преку Виена“: Победникот на изборите во Бугарија, Петков најави нов пристап и подобри односи со Македонија

Околу 8 часот податоците на Централната изборна комисија (ЦИК) покажуваат дека прва сила во новото 47. Народно собрание е „Продолжуваме со промената“ со поддршка од речиси 26 отсто.

Во 19 окрузи во Бугарија таа е најпосакувана формација. За над 30% од гласачите се претпочита во 8 области, меѓу кои се и трите поголеми области во Софија, градот Пловдив, Сливен, Благоевград, Бургас, а во Русе преземаат 33%.

ГЕРБ-СДС остануваат втори со 21,42%, бидејќи се претпочитаат во 8 области и најдобро се застапени во Габрово, Ќустендил и Перник.

МРФ се трета сила со 13,79 отсто. Традиционално, партијата има најголема поддршка во Карџали, Разград, Тарговиште и Хасково.

Четврта со 10,08% е „Има таков народ“ на Слави Трифонов, кој е добро застапен во Русе, Благоевград, Велико Трново и Пловдив.

Следен е БСП за Бугарија со речиси 10%. БСП има најдобри перформанси во Јамбол – 19,92%.

„Демократска Бугарија“ доби 6,11%.

Новиот играч кој првпат влегува во бугарскиот Парламент, антиевропскиот и кој што сака да ги укине рестрикциите во врска со Ковид-19, популистичката „Преродба“ доби 5,19%.

Од претседателските кандидати, најголема поддршка од странство добија Мустафа Карадаи и Искра Михајлова – 41,4 отсто и Румен Радев и Илијана Јотова, 35,2 отсто.

МРФ за парламентарните избори добива најмногу поддршка од Бугарите во странство – 41,57% и „Продолжуваме со промената“ – 20,36%.

МИА/Фото: Фејсбук/Петков

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ивона Милошеска, „Хилтон“: Многу успешно се справуваме со предизвиците во работењето неполна година по отворањето

Редакција

(Видео) Голема рација на МВР: Дома чувале противавионски митралези, бомби, пушки…

Редакција

(ГАЛЕРИЈА) Црвен килим на фестивалот „Браќа Манаки“: Каролина Гочева и Елизабета Ѓоргиевска блеснаа

Редакција