еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Видео) Голема рација на МВР: Дома чувале противавионски митралези, бомби, пушки…

На 10.11.2020 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал ,ОВР Кичево и ОВР Гостивар приведоа две лица од кичевското село Србица и запленија поголема количина на оружје, информира МВР.

„Имено врз основа на претходна обезбедена наредба за претрес на дом од Судија на претходна постапка од Основен суд Кичево се извршени претреси во дом и помошни простории на Х.И. (27) и А. И.(52), син и татко,  во с. Србица.

При претресите пронајдени и одземени се четири автоматски пушки „калашников“, две полуавтоматски пушки, две пушки, седум рамки за автоматска пушка со куршуми, 12 пиштолски рамки со куршуми, пушкомитролез со добош за муниција, два митралеза од кои еден митралез марка М 53, а другиот е протиавионски DSK 12,7 mm со постолје,цевка од тежок митролез, нож бајонет, седум пиштоли, револвер, над 3500 куршуми 11 рачни бомби со запалка, три рачни бомби без запалка, прибор за чистење оружје, футроли, маскирни ранци, маскирни елеци, двогледи и други предмети.

Мерките и активностите за расчистување на овој случај продолжуваат и во текот на денешниот ден, а против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави и ќе бидат предадени на јавното обвинителство“, соопшти МВР.

Фото/Видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нето-надворешниот долг на земјава на крајот на септември на ниво од 28% од проектираниот БДП

Редакција

92 се реинфекции: 465 нови случаи на Ковид-19 од 1.707 тестови

Редакција

Осумдесет и три годишна делчевка, која била пријавена за исчезната, пронајдена мртва

Редакција