еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

По две години пауза, Светски економски форум во Давос: Војната во Украина и ризиците врз економијата во фокусот

Војната во Украина и ризиците што судирот ги претставува по светската економија ќе бидат во фокусот на Светскиот економски форум што од денеска се одржува во Давос.

Соборот се враќа во швајцарското зимувалиште по двегодишна пауза поради епидемијата на коронаворусот, три месеци од почетокот на руската воена интервенција во Украина.

Минатата година годишниот состанок се одржа онлајн, а поради омикрон-варијантата на Ковид-19 оваа година наместо во јануари се одржува во мај.

„Нашите први мисли се насочени кон војната во Украина“, рече основачот на Форумот, Клаус Шваб на презентацијата на програмата на годинешниот собир.

Доминантни теми на дискусија на годишниот состанок што ќе трае до четврток ќе бидат војната во Украина, пандемијата на коронавирусот и климатските промени.

Учесниците на собирот, меѓу другото, ќе разговараат и за ефектите што војната во Украина ги има врз синџирите на снабдување, безбедноста на храната, како и енергетските предизвици.

На четиридневниот собир на швајцарските Алпи, речиси 2.500 учесници од политиката и економијата ќе дискутираат за решенија на меѓународните проблеми.

Мотото на годинешниот собир е „Историјата на пресвртница: владини политики и деловни стратегии“.

„Нашето главно барање до светот е: не престанувајте да ја поддржувате Украина“, порача синоќа пред медиумите Ивана Климпуш, украинска парламентарка која пристигна во Давос. Таа повика да не и се дозволи на Русија да води нова војна против било кого во регионот.

„Ни треба оружје, повеќе од било што друго“, рече другата украинска пратеничка во Давос, Анастасија Радина. Со оглед на санкциите наметнати на Русија, земјата е исклучена од учество на годинешниот состанок во Давос.

МИА/Фото: Украинско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За плати, награди и надомест на членовите на Одборот на директори на Хотели Метропол лани исплатени 1,6 милион денари

Редакција

Алкалоид ќе дели дивиденда повисока за 11,36%

Редакција

(Видео+Фото) Граѓаните фрлаа јајца кон Владата и Обвинителство и споделија потресни лични приказни

Редакција