еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

По поразот Харадинај и Тачи: Крај за доминацијата на ДУИ на следните избори во Македонија?

Не стивнуваат реакциите откако партиите на Хашим Тачи и на Рамуш Харадинај изгубија на вчершните избори по децениската превласт на политичката сцена во Косово.

Тачи кој е основач на Демократската партија на Косово и Харадинај со неговата Алијанса за иднина на Косово беа главните лидери на УЧК – воената формација која со вооружени активности успеа да се избори за осамостојување на некогашната српска покраина.

Се чини дека оттогаш наваму Косово стана препознатливо по цветање на криминалот поради што земјата масовно ја напуштија стотици илјади граѓани.

Сега, откако челниците на УЧК загубија на изборите, интересно е прашањето дали ваков тренд може да се очекува и во Македонија и тоа во однос на политичкиот ангажман на ДУИ чии лидери доаѓаат од ОНА – воена формација која го предизвика вооружениот конфликт во Македонија во 2001 година.

Имено, оттогаш наваму политичкиот лидер на ОНА, а подоцна и претседател на ДУИ Али Ахмети со неговата партија се речиси постојано на власт во земјава без разлика дали се во коалиција со СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ.

Во изминативе години, во неговата партија често имало политички препукувања, вооружени пресметки и насилство, како и обвинувања за криминал.

И покрај јавните обвинувања никогаш немало сериозни истраги или подигнување обвинителни акти и судски разрешници.

Сепак, заситеноста од ДУИ предизвика формирање нови условно кажано албански партии во земјава какви што се Алијанса на Албанците и Беса кои за многу краток период извршија сериозен удар врз доминацијата на ДУИ и освоија пратенички места.

Сега останува да се види дали на следните избори ќе има нов удар за ДУИ, па дури и пресврт на политичката сцена по примерот на Косово во кој албанските партии од опозицијата би ги поразиле Ахмети и неговата Демократска унија за интеграција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Голема победа на опозицијата на Косово: Црвен картон за Рамуш Харадинај и Хашим Тачи

Пинг-понг со предметите на СЈО: СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го урнисаа правниот систем

(ВИДЕО) Таткото на другото рането момче го демантира пратеникот на ДУИ, Адеми: Тој пукаше на свадбата

Полицијата вршела проверка на фирмите на советникот на ДУИ од Охрид, Усеини

„Ел Чека“ продолжува да „пука“ нови „бомби“ за ДУИ

Зијадин Села: Да видиме колку длабоко ДУИ е влезена во местење судии и обвинители

Фото: Фејсбук/ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија побара од Врховниот суд да го прогласи украинскиот Азовски полк за терористичка организација

Редакција

(Галерија) Поради високите цени, млади „окупираа“ супермаркет во Солун

Редакција

Во Косово е Ден на жалост, по убиството на полицаец на северот на државата

Редакција