еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

По испуштањето на радиоактивна вода од Фукушима во океанот, јапонската Влада тврди дека нема зголемена радиоактивност

Тестирањето на водата во близина на нуклеарната централа Фукушима не откри зголемена радиоактивност, соопшти Министерството за животна средина на Јапонија, откако властите на земјата одобрија испуштање во Тихиот Океан на пречистена радиоактивна вода што се користела за ладење на реакторот во Фукушима.

Испуштањето на пречистената вода од нуклеарната централа Фукушима започна во четвртокот, што предизвика протести во Јапонија и во соседните земји, особено во Кина, која одлучи да го забрани увозот на риба и морски плодови од Јапонија.

Властите во Јапонија и научните организации тврдат дека водата што се испушта во Тихиот Океан по филтрирањето е безбедна и дека од неа се отстранети повеќето радиоактивни елементи освен тритиум, радиоактивен изотоп на водород.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јапонија почна да испушта прочистена радиоактивна вода од Фукушима во океанот

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во фаза на регистрација трет бугарски клуб со контроверзно историско име, “Цар Фердинанд”

Редакција

СЗО откри застрашувачки податоци: Секој десетти заболен од Ковид-19 има симптоми и по три месеци

Редакција

Како ќе се изјаснат партиите на Албанците: Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ прифатлива за СДСМ, ЛДП, ДОМ и Демократски сојуз

Редакција