еМагазин
Image default
ЖИВОТ

По кусо боледување во Скопје почина Љубица Рубен – Буба

По кусо боледување во Скопје почина Љубица Рубен – Буба.

Родена е во Битола, а животниот пат го продолжи во Скопје, каде што дипломираше на Правниот факултет.

Таа беше основач на правната компанија Менс Легис по повеќегодишната адвокатска практика.

Активно работеше на подобрување на бизнис климата во Македонија и регионот преку учество во голем број проекти.

Членуваше во работни групи за измена на закони, воедно беше и предавач, едукатор, организатор на семинари, автор на многу текстови во стручни списанија од областа на правото и експерт во областа на заштита на права од индустриска сопственост.

Погребот ќе биде на градските гробишта Бутел во Скопје в среда (18 август) во 11 часот, а посмртните останки ќе бидат изложени во 10 часот.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре пообилни врнежи од дожд и снег на планините

Редакција

Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ испрати 20 тони производи хуманитарна помош во Украина

Редакција

Денеска сончево време со умерена облачност, температурата до 18 степени

Редакција