еМагазин
ЧИСТА ОКОЛИНА

По неколку дена труење: Општина Карпош ја расчистува депонијата кај СЦ „Борис Трајковски“

Општина Карпош започна со чистење на депонијата во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски”, што изминатава недела гореше во два наврати.

Oд утринава, како што соопштија од Општината, на терен, интензивно се работи со соодветна тешка механизација, (гасеничари, камиони и сл.) а во акцијата ќе се вклучат и комуналните служби на општината.

Од 16 часот на овој дел ќе има двајца дежурни комунални редари на локалната самоуправа.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев апелира до СВР Скопје да се зголемат полициските патроли и дежурства во овој предел во текот на викендот и престојните денови.

Од Општина Карпош соопштуваат дека во  изминативе три години континуирано се работи на чистење на депониите. Затворена е децениската депонија кај хотелот „Александар Палас”, во Злокуќани (кај фудбалското игралиште), како и во Бардовци (долж Лепенец), а целосно е исчистен и  израмнет теренот кај мостот „Газела”, што прераснува во нов парк.

Фото: Општина Карпош

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Борко Ристовски за Макрадули и Шилегов: Срамота и брука!

Редакција

Илон Маск нуди 100 милиони долари за изум за отстранување на јаглерод диоксид од атмосферата и од океаните

Редакција

Необележана депонија со 8.000 тони канцероген линдан од ОХИС ја труе околината на Драчево

Редакција