еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Илон Маск нуди 100 милиони долари за изум за отстранување на јаглерод диоксид од атмосферата и од океаните

Американскиот милијардер Илон Маск нуди награда од 100 милиони долари на пронаоѓачите, доколку смислат начини за борба против климатските промени со отстранување на јаглерод диоксид од атмосферата и океаните.

– Во моментов имаме само една планета. Дури и ако имаме 0,1 процентна шанса за катастрофа, зошто да ризикуваме? Лудо е!, истакна Маск.

Тој наградата ја распиша уште во јануари, а на 22 април Денот на планетата Земја, објави инструкции за натпреварот. Организаторите го нарекуваат натпреварот „најголема стимулативна награда во историјата“ и ќе трае четири години, до Денот на планетата Земја во 2025 година.

Државите работат на намалување на емисиите на јаглерод, но научниците истакнуваат дека за остварување на целта – нула емисии до 2050 година многу важна улога ќе имаат технологиите за отстранување на јаглерод од атмосферата.

Технологија сè уште не е комерцијално исплатлива. Отстранувањето на јаглеродот може да чини повеќе од 300 американски долари по тон јаглерод, а во свет се произведуваат 50 милијарди тони јаглерод диоксид годишно. Научниците проценуваат дека до 2050 година треба да се отстранат 10 милијарди тони јаглерод.

– Мислам дека е една од оние работи за кои е потребно време за да се најде вистинското решение. И посебно особено да сфатиме кое е најдоброто економско решение за отстранување на ЦО2, наведе Маск.

Конкурсот за отстранување на јаглерод диоксид (XPRIZE Carbon Removal) на Маск има за цел да најде решение за отстранување на илјадници тони од атмосферата секоја година. Апликантите мора да имаат план за отстранување на јаглерод за најмалку сто години. Организаторите најавија дека ќе ги разгледаат апликациите до средината на мај.

МИА/Фото: Photo by Marek Piwnicki on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Албанија се фали со бетонизирање на Охридското Езеро

Редакција

Во ноември само два дена со чист воздух во Тетово

Редакција

(ВИДЕО) Еколошки инцидент во Охрид, реката Грашница обоена виолетово

Редакција