еМагазин
Image default
Македонија

Поранешниот генерален секретар на СДСМ, Кирацовски: Kај Пауновски ми се допаѓаше токму пркосот на принципиелна, аргументирана основа

Поранешниот генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски даде отворена поддршка на директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Стојко Пауновски.

„Да се менуваме на подобро, менувајќи го лошото, не доброто!

Да не се разрешува директорот на ДПИ, Стојко Пауновски, туку да се променат критериумите за рамковна распределба на вработените по рамковниот договор.

Административците по рамковниот концепт треба да бидат артикулирани во системот, согласно критериумите кои важат за сите останати, без нивно привилегирање на штета на истиот.

Кога веќе силно се залагаме за подигнување на критериумите на високо професионално ниво во администрацијата и државниот апарат, неупатно и погрешно е да го менуваме оној кој најдоследно ги применува.

Можеби јавната конфронтација на Пауновски е политички несмасна и спротивна на професионалниот кодекс на однесување, но неговата смена во овој момент би била грешна порака, спротивна на евидентните заложби!

Додека бев генерален секретар на СДСМ, она што ми се допаѓаше кај Пауновски беше токму пркосот на принципиелна, аргументирана основа.

Тогаш можев да иницирам негова смена во еден миг, но знаејќи дека раководители со интегритет е она што му е потребно на нашите институции, таквиот потег би бил удар врз истите и одлука против сам себе и своите уверувања,“ напиша Кирацовски на неговиот Фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Стојко Пауновски кој „не му се плаши“ на Заев: Што пишува во неговата професионална биографија

Инспекторите во одбрана на Пауновски: Бараат да се повлече барањето за негово разрешување, бидејќи е квалитетен

Заев му се јавил, Пауновски не одговорил на повикот: За Груби и Николовски неприфатливо е непочитување на одлуки на Влада

Заев ќе побара разрешување на Пауновски поради одбивањето да прифати дел од рамковните вработени

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влада: Промена на химната нема, направена е ненамерна грешка

Редакција

Нови 10 случаи на Ковид-19 од 2.473 тестирања

Редакција

Од Ковид-19 починаа 31 лице, најмладиот пациент на 38 години

Редакција