еМагазин
Image default
Балкан

(ВИДЕО) Поранешниот бугарски министер за одбрана Каракачанов доби награда за „најголем губитник на годината“

Поранешниот министер за одбрана на Бугарија и претседател на ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов ја доби награда за најголем губитник на годината – „Златен твор“.

Поводот за ова награда е тоа што неговата партија не успеа да го собере потребниот цензус од 4,1 отсто од гласовите на последните изборите во Бугарија, потребени за влез во бугарското собрание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каракачанов изгуби во Бугарија, ама победи во Македонија

Инаку вчера, Даниел Митов, мандатарот за формирање на новата Влада од победничката партија ГЕРБ, му го врати мандатот на бугарскиот претседател Румен Радев.

Според Митов, ГЕРБ се обидел да ја формира новата бугарска Влада, но наишол на ароганција од другите партии во Националното собрание, од кои тој побарал поддршка.

Од своја страна, бугарскиот претседател Радев се заблагодари за напорите направени за формирање влада. Тој коментираше дека во наредните денови ќе соопшти кога ќе и го предаде мандатот на втората политичка партија – „Има таков народ“ на Слави Трифонов за формирање влада.

Фото: Фејсбук/Каракачанов/Видео: Gospodari na efira

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Вучиќ повторно хит на социјалните мрежи, учи германски од говор на Меркел

Редакција

(ВИДЕО) Неверојатно: Австралиски каскадер во Миконос возеше мотор по вода

Редакција

Многу лекари ќе напуштат работа ако ги принудиме да се вакцинираат, вели српската премиерка Ана Брнабиќ

Редакција