Дваесет и осум годишник од делчевското село Стамер го изгуби животот по пад од мотоцикл во близина на местото „Стамерски преод“ на регионалниот пат Делчево – Берово.
Настанот го потврдија од полицијата, од каде информираа дека на местото на настанот излегла и екипа на Итната медицинска помош која ја констатирала смртта на момчето.
– На 02.08.2021 во 04.50 часот било пријавено дека во с.Стамер, делчевско, Д.Д.(28) од с.Стамер, управувајќи мотоцикл, изгубил контрола и паднал.
Д.Д. починал на местото на незгодата, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, информираа од полицијата.
На местото на несреќата бил извршен увид од екипа од Полициската станица Делчево.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.