еМагазин
Image default
Македонија

Голем удел во бројот на новозаразени имаат патниците од странство, вели Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека голем удел во бројот на новозаразени периодов се патниците кои доаѓаат од странство, а дали тие се носители на Делта-варијантата се утврдува дополнително.

– Најдобра заштита против коронавирусот и сите досега појавени мутации се вакцините, а ние не можеме вечно да живееме со рестрикции, вели Филипче во изјава за телевизија „Телма“ и затоа смета дека тоа е доволно за граѓаните да бидат свесни дека треба да се вакцинираат.

Тој уште еднаш повтори дека и покрај порастот на новозаразени, рестриктивни мерки засега нема да се воведуваат. Можни се евентуалните ограничувања воведени на есен и тоа наменети само за невакцинираните граѓани.

– Не може да ни се повтори сликата од лани со сите тие заострени ограничувања, вели министерот Филипче.

Вирусот во изминатата година е виновен за илјадници смртни случаи насекаде, па и кај нас и министерот е со став дека смртноста е еднаква насекаде во регионот.

Во болниците се спроведуваат сите протоколи на лекување, уверува за „Телма“ министерот и дополни дека здравствениот систем и во моментов е подготвен да одговори на евентуален нов бран на зараза.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Аеродром со над 1.300 активни случаи на Ковид-19: Детален преглед по скопските општини

Редакција

Утрешната главна расправа за случајот „Титаник” се одлага за 22 септември

Редакција

Левица во Собранието оствари средба со рускиот амбасадор Сергеј Баздникин

Редакција