еМагазин
Image default
Балкан

По повикот од Борисов се јави Слави Трифонов: Ќе го следам Уставот

Лидерот на втората победничка партија по парламентарните избори во Бугарија, „Има таков народ” на Слави Трифонов, го даде првиот коментар, јави дописникот на МИА од Софија.

„Во врска со разни политички изјави и предлози дадени во последниве денови, сакам да го кажам следново: Постои многу јасна правна постапка спомената во Уставот, и ние логично ја почитуваме и ја следиме”, напиша Трифонов на својот Фејсбук профил.

Неговиот коментар доаѓа неколку часа по денешниот говор на Бојко Борисов за време на состанокот на бугарската влада за време на кој Борисов го повика Трифонов да преземе политичка одговорност, нудејќи му две решенија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борисов му понуди на Слави Трифонов да прави влада, ќе му позајми 10 пратеници

Ќе биде ли нов премиер на Бугарија, шоуменот и музичар Слави Трифонов?

Прво, ГЕРБ треба да ја поддржи партијата на Слави Трифонов на парламентарно ниво, обезбедувајќи му 10 пратеници да гласаат за новата бугарска влада, која ќе биде составена од „Таков народ има”.

Второ ќе се свика Големо национално собрание во Софија по новите парламентарни избори, каде претседателот Румен Радев ќе го достави својот нацрт за новиот бугарски устав.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За него Македонците се северномакедонци со бугарски корен: Кој е Слави Трифонов, клучниот “играч“ за формирање влада во Бугарија

МИА/Фото: Фејсбук/Трифонов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хрватска од денеска во Шенген зоната и ќе го користи еврото

Редакција

По излевањето амонијак кај Пирот од превртен воз, 15 лица меѓу кои три деца се хоспитализирани

Редакција

(ВИДЕО) Новинар на грчка ЕРТ3 стана топ тема во Грција, оти Македонија ја нарече Северна Македонија

Редакција